September 4, 2024 | | Свет
Според информациите на магазинот „Calcio e Finanza“ кој во Италија се смета за точен кога станува збор за ваквата статистика, Душан Влаховиќ е најплатениот фудбалер во Серија А за сезоната 2024/2025. Неговата бруто плата е 18.900.000 евра, а чисти за него се 12.000.000 евра, што го прави Влаховиќ најплатен во Серија А. Втор на оваа листа е Лаутаро Мартинез кој го продолжи договорот со Интер до 2029 година и сега заработува 9.000.000 евра. По него следува Пауло Дибала кој беше на чекор од трансфер во С. Арабија, но се предомисли во последен момент. Аргентинецот заработува 7.000.000 евра, потоа следуваат Хакан Чалханоглу и Маркус Тирам од Интер, но и Лукаку од Наполи каде овие тројца фудбалери заработуваат по 6.500.000 евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |