Фудбалерот на Лион не сакал да премине во Англија па побегнал од медицинскиот преглед!

September 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фудбалерот на Лион не сакал да премине во Англија па побегнал од медицинскиот преглед!

Според француски весник L'Equipe, Фулам требаше да го потпише Ернест Нуамах кој настапува за Лион. Двата клуба се договорија за трансферот кој требаше да чини 19 милиони евра. Проблемот сепак настанал на медицинските прегледи. Имено, фудбалерот на Лион воопшто не го сакал ваквиот трансфер и во еден момент побегнал од лекарскиот преглед. Тој прснал во солзи за време на лекарскиот преглед и исчезнал во последната фаза од процесот, а дури ни неговиот агент не можел да го пронајде во тие моменти. Стигнало и извинување од сопственикот на Лион, Џон Текстор бидејќи сакал да го продаде против негова волја.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.