September 5, 2024 | | Свет
Клубовите и самите тренери се повеќе се жалат на густите распореди и огромното оптеретување кое фудбалерите го имаат. Еден од стратезите кои се најгласни за ова е Пеп Гвардиола кој често го критикува распоредот, а сигурно и сега ќе има причина за да се жали. Имено, неговиот Манчестер Сити ќе одигра два натпревари во 49 часа. Поточно, на 22. септември ќе го дочекаат Арсенал на „Етихад“ во 17:30 часот, а два дена подоцна, ќе играат против Вотфорд во Лига купот. Иако дуелот бил предвиден за 25. септември, сепак тој ден е резервиран за дуелот на Манчестер Јунајтед против Твенте во Лигата на Европа, а со оглед на тоа што полицијата во Манчестер нема капацитет за да ги покрие двата дуела во еден исти ден, натпреварите ќе бидат распоредени во посебни денови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |