Родриго шлогиран бидејќи не е номиниран за „Златната топка“, со една објава кажа што мисли!

September 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Родриго шлогиран бидејќи не е номиниран за „Златната топка“, со една објава кажа што мисли!

Родриго реши да се огласи на социјалните мрежи откако дозна дека не е меѓу оние 30 кандидати за најпрестижната индивидуална награда, „Златната топка“. Тој е убеден дека требаше да се најде на оваа листа каде и покрај освоените титули минатата сезона, сепак го нема. Како реакција на оваа вест, тој објави колаж од шест фотографии од минатата сезона покажувајќи ги освоените трофеи каде додаде емонтикон кој се смее.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.