Кирил Неделков е старо-нов играч на Вардар Неготино!

September 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Кирил Неделков е старо-нов играч на Вардар Неготино!

ФК Вардар Неготино денеска потврди дека во клубот се враќа Кирил Неделков. Претходно, за Вардар Неготино играше во периодот од 2022 година се до оваа лето кога реши да премине во Детонит Плачковица. Таму одигра само три натпревари каде постигна еден гол, но сепак реши да се врати во тимот од Неготино. Прехтодно, играше за младинската екипа на Победа, Тиквеш, Плачковица која сега се вика Детонит Плачковица, како и за сениорскиот тим на Победа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.