Педри откри во кој дел најмногу напреднале откако Флик е тренер

September 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Педри откри во кој дел најмногу напреднале откако Флик е тренер

Засега Барселона има добар почеток на сезоната откако во Ла Лига оствари четири победи на првите четири натпревари. Сезоната само што почна, па сигурно дека Каталонците ќе имаат променливи резултати. Педри, кој последните неколку сезони мака мачи со повреди, изјави дека се чувствува физички многу подобро со тренинзите на Флик, но и дека како тим многу напреднале во овој дел. Под водство на Чави, Барселона не беше физички многу спремна каде со завршницата од натпреварите се познаваше уморот на тимот. „Физички сум многу подобар од лани и тоа прави разлика на теренот. Флик е многу добар околу физичката подготовка и ни дава самодоверба на секаков начин. Сега во тимот работиме многу понапорно од претходно. Кондициските тренери кои дојдоа со Флик имаат многу поголеми барања и извонредно си ја вршат работата. Работиме многу напорно, а после тоа се пресликува на натпреварите. Тимот сега не паѓа после 70-та или 80-та минута, одржуваме ист ритам во текот на цел меч“, вели Педри.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.