Аматерска грешка: Халанд бил повикан на допинг-тест со двајца починати фудбалери!

September 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Аматерска грешка: Халанд бил повикан на допинг-тест со двајца починати фудбалери!

Ерлинг Халанд има неверојатен почеток на сезонава со Манчестер Сити каде веќе има седум гола во првите три кола. Тој во моментов е со репрезентацијата на Норвешка каде ќе ги игра Лигата на нации со Казахстан каде Норвежанецот бил повикан на допинг-тест. Халанд заедно со Јорген Странд Ларсен, Антонио Нуса, Оскар Боб, Ејнар Гундерсен и Јорген Јуве биле тестирани, а ситуацијата станала незгодна во моментот кога на листата биле ставени и двајца починати фудбалери. Тоа се Ејнар Гундерсен и Јирген Јуве, кои се фудбалери починати во 1962 година, односно 1983 година. Селекторот на Норвешка, Стале Стобакен останал шокиран од настанатата ситуација. „Сите се запрашавме што се случи. Беше сериозна ситуација, па веднаш се јавивме во агенцијата и ги прашавме дали се сериозни или се работи за скриена камера. Најверојатно ја погледнале листата на најдобри стрелци на сите времиња при правењето на нивниот избор. Малку доцна ги повикаа Гундерсен и Јуве, мислам дека нивните тестови дефинитивно ќе бидат негативни“, изјави Стобакен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.