Легендата на Јунајтед е убедена: Тен Хаг ќе добие отказ до Божиќ

September 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Легендата на Јунајтед е убедена: Тен Хаг ќе добие отказ до Божиќ

Легендата на Манчестер Јунајтед Теди Шерингам тврди дека Ерик Тен Хаг ќе добие отказ до Божиќ. Навивачите на Јунајтед особено се разочараа од поразот од нивниот најголем ривал Ливерпул каде на „Олд Трафорд“ претрпеа пораз со 3-0. „Мора да ги промените работите кога ќе видите дека нешто не функционира. Кога ќе се погледне нестабилноста од минатата сезона во новата сезона, тогаш може да се каже дека не била направена промена. Дали Тен Хаг ќе биде тука на крајот на сезоната? Не, ќе си замине пред Божиќ“, рече Шерингам. По завршувањето на репрезентативната пауза, Јунајтед во Премиер лигата ќе има незгодно гостување кај Саутемптон.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.