Милевски: Имаме одлична енергија која треба да ја пренесеме на теренот

September 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Милевски: Имаме одлична енергија која треба да ја пренесеме на теренот

Македонија утре ќе се соочи со Фарските Острови каде ќе го одигра првиот натпревар во Лигата на нации. Целта ќе бидат трите бода, а оваа селекција лани ја совладавме 1-0 на пријателската средба во Скопје. Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски потенцираше дека селекцијата на овој собир има одлична енергија и тоа треба да се пренесе и на теренот. „Ни следи првиот натпревар, а тој секогаш е тежок. Фарски Острови е квалитетот, дисциплиниран противник и имаме максимална почит кон нив. Сепак, наша јасна цел е првото место во групата на Лигата на нации. Треба да бидеме на својот максимум за да не зависиме од играта на противникот. Во минатото издание на Лигата на нации, Фарски Острови ја победија Турција, а тоа не е мала работа“, вели тој. Милевски додаде дека не е лесна адаптацијата од 35 на десетина степени, па затоа дошле и ден порано. Мислам дека ќе се прилагодиме на сите услови и ќе го наметнеме нашиот квалитет. Противникот е добро организиран, дисциплиниран и мора да бидеме на исто ниво и подобри што се однесува до динамиката на игра, агресивноста и желбата, за да дојде нашиот индивидуален квалитет до израз. На овој собир гледам одлична енергија и тоа треба да го пренесеме на терен“, додаде Милевски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.