Македонија скоро една година нема победено, Фарските острови се ривал за прекин на серијата

September 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Македонија скоро една година нема победено, Фарските острови се ривал за прекин на серијата

Македонската фудбалска репрезентација има добра шанса во Лигата на нации да го поправи впечатокот и да почне да остварува победи. Мотивот е освојувањето на првото место во сегментот Ц каде во група сме со Ерменија, Латвија и Фарски острови. Денешниот противник е идеален за прекин на лошата серија кој има 11 порази во последните 13 меча. Во истиот период тие имаат постигнато само шест гола од кои четири се во победата над Лихтенштајн. И во нашите редови не е баш најдобро каде на последните шест меча, имаме четири порази и две реми. Последната победа на нашата селекција беше во октомври лани кога со 3:1 ја победивме Ерменија во Скопје. Дуелот во Торашвн е закажан со почеток во 15 часот на стадионот „Торсволур“ со капацитет од 6.500 седишта, а главен судија ќе биде Литванецот Манфредас Лујканчукас.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.