„Франс Фудбал“ даде објаснување зошто Мусиала не е меѓу кандидатите за „Златната топка“

September 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Франс Фудбал“ даде објаснување зошто Мусиала не е меѓу кандидатите за „Златната топка“

Германските фанови вријеа бидејќи Мусиала не беше помеѓу 30. кандидати за „Златната топка. Од „Франс Фудбал“ решија да ги објаснат причините поради кои талентираниот фудбалер не се најде на оваа листа. Причините ги наброја главниот уредник на францускиот магазин, Венсан Гарсија. „Според мене постојат три причини затоа што не доби доволен број гласови. Прво, потфрли со статистиката во Лигата на шампиони, како споредба постигна ист број на голови со Матис Тел. За играч од негов калибар тоа е премалку. Не импресионираше ниту во важните натпревари за Реал Мадрид и за Шпанија на Европското првенство. Не дека одигра лошо, но едноставно не беше доволно добар. Не му помогна ниту тоа што Баерн ја одигра една од своите најлоши сезони во историјата. Но, сигурен сум дека ќе се врати на списокот во иднина“, објасни Гарсија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.