Евентуалниот наследник на Пеп не треба да биде загрижен: Ќе има огромен трансфер буџет

September 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Евентуалниот наследник на Пеп не треба да биде загрижен: Ќе има огромен трансфер буџет

Сѐ повеќе засилуваат шпекулациите за евентуалното заминување на Пеп Гвардиола од Манчестер Сити по завршувањето на оваа сезона. Моменталниот договор на Гвардиола истекува јуни 2025 година а Сити инсистира Шпанецот да го продолжи договорот. Гвардиола првично велеше дека шансите за да продолжи се мали за потоа да изјави дека уште ништо не е готово. Тој има голема поддршка од раководството на клубот, а очигледно тоа ќе продолжи и во случајот на неговиот евентуален наследник. Според информациите на „Mirror“, ако Пеп замине, следниот тренер ќе има трансфер буџет од 300 милиони фунти за да започне нова евра после Пеп, но истовремено клубот да продолжи да биде конкурентен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.