September 8, 2024 | | Свет
Карло Анчелоти во моментов е тренер на Реал Мадрид со кого има договор до 2026 година, а иако често се зборува дека тој наскоро ќе замине во пензија, изгледа тој нема таков план. Тој вели дека ќе замине од фудбалот во моментот кога ќе престане да чувствува страст кон фудбалот. „Сè уште сум нервозен пред натпреварите, чувствувам притисок и додека биде така, нема да менувам ништо и ќе бидам тренер. Ќе се пензионирам кога ќе исчезне мојата страст кон фудбалот“, кажа Анчелоти. Кариерата ја почна како асистент во италијанската селекција, беше во Региана, Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Наполи, Евертон, а моментално го одработува вториот мандат како тренер на Реал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |