September 9, 2024 | | Свет
Зинедин Зидан сè уште е без тренерски ангажман каде неодамна изјави дека предолго одмара и дека е време полека да му се врати на фудбалот. Неколку пати тој се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а конечно е позната и причината зошто конкретно не станал тренер или можеби и никогаш нема да стане на тимот од Манчестер. Наводно, причината е англискиот јазик кој Зидан го разбира, ама не го зборува течно. „Јас работам на сосема поинаков начин и имам неколку елементи кои треба да се исполнат за да работам во некој клуб. Еден од нив е добро познавање на јазикот. Дали би работел во Манчестер јунајтед? Англиски јазик разбирам, но не го зборувам доволно течно. Знам дека има тренери кои одат во клубови каде не го знаат јазикот, но јас работам на друг начин“, изјави Зидан.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |