September 9, 2024 | | Свет
Легендата на Челси Џон Оби Микел откри зошто пропадна трансферот на Осимен во Челси. Нигериецот интензивно преговараше со тимот од Лондон во последните денови од трансфер периодот, но на крај не дојде до договор. Осимен на крај заврши го Галатасарај на позајмица каде во јануари ќе има можност да го промени клубот ако Челси или некоја друга голема екипа од Европа покаже интерес. „Знам што Виктор побара, знам и што клубот му понуди. Двете страни на крајот направија одредени компромиси, но едноставно фалеа некои ситни работи како документација и лекарски прегледи, за кои немаше доволно време да бидат комплетирани пред финишот на преодниот рок. Виктор беше разочаран што не се реализираше трансферот, разговарав со него, му се јавив, поминавме едно 20 минути на телефон откако заврши преодниот рок“, објасни Оби Микел. Тој тврди дека нема проблем помеѓу двете страни, па ако се активира интересот на Челси за трансфер во јануари, ќе треба да бидат завршени само некои ситни детали за реализација на трансферот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |