September 9, 2024 | | Македонија
Македонија утре ќе се соочи со Ерменија, селекција која се смета за наш најголем ривал за првото место во групата во рамките на Лигата на Нации. Нашата селекција одигра срамно реми против Фарски острови, а Милевски вели дека сега фокусот е на утрешниот дуел. „Секако дека ментално не е сменето ништо, познавајќи ги моите фудбалери тие се подготвени за секој нов предизвик. Разочарани сме од резултатот со Фарски Острови, но дуелите меѓу Македонија и Ерменија ќе одлучат кој ќе биде прв во оваа група. Зад нас се Фарски Острови и сите мисли се на Ерменија. Сето тоа што беше на теренот на Фарски Острови и доминацијата која ја имавме докажа дека бевме подобри. Единствено проблем ни беше реализација“, рече Милевски. Милевски потенцираше дека фудбалерите кои моментално се дел од селекцијата се најдобрите кои Македонија ги има. „Фудбалерите според мене тие што се на овој собир се најдобрите во моментов. Секогаш кој и да е од нив, кога настапува за Македонија дава и повеќе од својот максимум. Никогаш не била значајна неговата клупска форма со перформансот кој го дава во репрезентација. Секогаш го гледам индивидуалниот потенцијал на секој репрезентативец и по тоа гледам кого ќе викнам и кој ќе настапува. Разговараме на ментален план да се подготвиме најдобро. Македонија секогаш кога била под притисок дека мора, била на нивото, барем јас додека сум селектор во последните 10 години. Сите мечеви кои одлучувале за нешто, овие момци знаеле да се носат со притисокот“, изјави Милевски кој најави дека ќе има промени во составот“, додаде тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |