Објаснување на ситуацијата на Де Јонг во Барселона: Клубот планира едно, играчот друго

September 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

Објаснување на ситуацијата на Де Јонг во Барселона: Клубот планира едно, играчот друго

Како што пренесува новинарот на каталонски „Sport“ Алберт Масну, односот помеѓу Френки де Јонг и управата на Барселона во моментов е затегнат, најмногу поради проблемите во врска со неговата плата и повеќекратните обиди на клубот да го продаде во минатото. Како резултат на тоа, играчот од средниот ред, наводно, планира да ја испита својата иднина во клубот откако ќе заврши тековната сезона. Од фудбалска страна, Ханси Флик е желен да го врати во форма Де Јонг по репрезентативната пауза, особено поради тоа што Барселона има неколку повреди на средината на теренот. Сепак, реалноста е дека Де Јонг нема одредено датум за враќање, а во меѓувреме тој упорно одбива да оди на операција и одбива да игра доколку не е целосно спремен. Клубот се обиде да го продаде против негова желба во 2022 година каде позади негов грб го договорија трансферот со Јунајтед, но тој одби да премине во Англија. Потоа, протекоа детали за неговата плата, не споменувајќи дека му се должат исплати од сезоната погодена од Ковид, а после тоа, Барса се обиде да му го продолжи договорот со намалена плата каде Де Јонг не го прифати таквиот предлог. Летово клубот го понуди дури и на други тимови, повторно без негова согласност. Сета оваа напнатост сега ги зголемува компликациите околу неговата повреда. Неговиот договор истекува во 2026 година каде постои ризикот тој да замине бесплатно. Факт е дека платата на Де Јонг е голема (37,5 милиони евра бруто) и нереална и таквите примања не ги оправда на теренот, но факт е и дека управата на Барселона одигра лошо позади неговиот грб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.