September 10, 2024 | | Свет
Репрезентацијата на Бразил веќе подолго време поминува низ криза каде се сменија неколку селектори каде игрите на теренот за ваква селекција се ужасни. Нивната цел е ситуацијата да ја поправат и да бидат спремни за Светското првенство 2026 година каде воедно се очекува да настапи и Нејмар, најголемата ѕвезда на Бразил за кого Родриго тврди дека без него не можат да го освојат турнирот. „Секој може да види, јасно е колку многу недостасува. Тој е нашата ѕвезда, нашиот најдобар играч. За да се освои Светско првенство, секој треба да биде добро за да му помогне. Ако е добро, на што се надеваме, тој е во последната фаза од закрепнувањето. Тој е одличен партнер. Се чувствувам тажно кога гледам дека некој зборува лошо за него, поради личноста што е. Секогаш ми праќа пораки, ми помага, го сакам. Покрај тоа што е мој идол како играч, тој како човек се покажа како фантастична личност“, вели Родриго. Светското првенство за две години се очекува да биде последен Мундијал за бразилската ѕвезда која поради повредите, лошите одлуки донесени во кариерата, како и бурниот начин на живот не го исполни својот неверојатен потенцијал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |