September 10, 2024 | | Свет
Кевин Де Брујне беше особено разочаран по поразот од Франција. Тој упати огромна критика до неговите сонародници за кои смета дека не даваат сè од себе на теренот. „Можам да прифатам дека не сме толку добри како во 2018 година, но некои други работи не можам да ги поднесам… Мораме да играме подобро. Стандардот треба да биде врвен, ако не можеш да го постигнеш тоа тогаш не си доволно добар, а ако не си, тогаш треба барем да го дадеш максимумот на теренот. А некои не го ни прават тоа“, изјави Де Брујне. Тој беше запрашан и за тактичкиот план на Белгија. „Не ми поставувате вистински тактички прашања. Не знам што видовте од овој натпревар? Проблемот овде не беше во транзицијата, туку во луѓето кои не ги извршуваат своите задачи. Имаме премногу играчи во одбраната. Како ќе се поврземе ако во одбраната играме со шестмина. Дури и во второто полувреме, а тогаш губевме, нели? Нема да плачам и да баран оправдување. Тоа го правев кога имав 18 години во Генк, сега имам 33 години“, додаде тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |