September 10, 2024 | | Свет
Пирс Морган кој своевремено го направи познатото интервју со Кристијано Роналдо додека Португалецот беше во конфликт со тренерот, го навреди тренерот на Манчестер Јунајтед Тен Хаг. „Некои мислат дека Роналдо повеќе не може да се сфати сериозно откако се пресели во Саудиска Арабија. Тоа е сон. Во моментов нема подобар стрелец на светот од Кристијано Роналдо. Синоќа ја погоди стативата и постигна гол. Тен Хаг е комлетен идиот! Жал ми е, но тоа е“, рече Морган. Но, новинарот не застана овде. „Зборува глупости. Сега зборува дека е Хари Потер. Тен Хаг е се што Роналдо ми кажа за него во интервјуто. Тој е како мал учител во основно училиште кој не знае како да се однесува со паметни ученици. Погледнете ги само талентите кои не ги препознавал – Роналдо, Џејдон Санчо, Маркус Рашфорд… Тој знае само да носи играчи од Ајакс. Не ми се верува дека го кажувам ова, но Јунајтед е уште полош од минатата сезона“, додаде тој. Во моментов Тен Хаг се наоѓа под огромен притисок каде пред сѐ се повторуваат проблемите од минатата сезона, а ако продолжат резултатите, Холанѓанецот наскоро би можел да добие отказ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |