September 10, 2024 | | Свет
Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси беше запрашан за тоа кој е најголемиот спортист на сите времиња. „Мислам дека најдобар е Мајкл Џордан. Откако ја гледав серијата „Последниот танц“ се инспирирав и дознав повеќе за тоа кој е тој и што има постигнато“, изјави Лионел Меси. Аргентинецот рече дека неговата желба е да се сретне со Џордан и да се слика. „Толку луѓе ме побараа за фотографии, зошто да не барам од него фотографија? Би било навистина убаво“, додаде тој. Џордан е двократен олимписки победник и шесткратен шампион во НБА, а два пати во кариерата играше за Чикаго Булс (1984–1993, 1995–1998) и за Вашингтон Визардс (2001–2003).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |