Направени три измени: Познат е почетниот состав за дуелот со Ерменија

September 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Направени три измени: Познат е почетниот состав за дуелот со Ерменија

Македонската селекција нема запишано победа веќе 11 месеци каде ужасната серија продолжи и во последниот дуел каде одигравме срамно реми со Фарски Острови. Денеска ќе го одиграме второто коло од Лигата на нации, а ако сакаме прво место во групата, денешната победа е императив. Селекторот Благоја Милевски одлучи да направи три промени во однос на составот кој ремизираше против Фарски Острови. На местото на Димитар Митровски, Никола Серафимов и Ахмед Иљазовски ќе настапат Ѓорѓи Зајков, Стефан Ашковски и Давид Бабунски. Почетниот состав на Македонија: Димитриевски, Димоски, Муслиу, Зајков, Ашковски, Давид Бабунски, Алими, Барди, Елмас, Чурлинов, Миовски Дуелот започнува во 20:45 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.