Ливерпул и дава попуст на Барса за Луиз Дијас

June 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул и дава попуст на Барса за Луиз Дијас

Барселона оваа лето ќе биде во потрага по крилен фудбалер, но колку ќе можат да трошат зависи од тоа колку ќе им биде дозволено од страна на Ла лига да купуваат поради финансиските проблеми. Иако наводно Ливерпул бараше 120 милиони евра за секој оној кој сака да го ангажира Дијас, сепак шпанскиот весник „AS“ пренесува дека таа цена сега е спуштена на 75 милиони евра што е далеку поразумна цена. Сепак, во управата на Барселона постои дилема околу тоа по кој крилен напаѓач да тргнат, Дијас или Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. Тој наводно би коштал околу 50 милиони евра, но целиот трансфер период на Барселона ќе зависи од финансискиот фер плеј на Ла лига. Сезонава Дијаз постигна 13 гола и имаше 5 асистенции, а неговиот договор е до 2027 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.