Македонија со играч помалку одигра машки и ја победи Ерменија! (ВИДЕО)

September 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Македонија со играч помалку одигра машки и ја победи Ерменија! (ВИДЕО)

После 11 месеци се случи и тоа: Македонија да триумфира и тоа против Ерменија со 2-0 и тоа со играч помалку. Во првото полувреме Македонија беше доминантна и напаѓаше а пред самиот крај на полувремето Зајков заработи црвен картон. Резултатот го отвори Барди на начин на кој тој најдобро знае, преку слободен удар во 70. минута. Голманот Чанчаревиќ не можеше ништо да направи и едноставно остана здрвен. По првиот гол, се отвори простор за нас па во 79. минута со малку среќа погоди Бојан Миовски. Наредните натпревари Македонија ќе ги одигра во ноември.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.