Милевски: Кога сме под притисок, момците секогаш се на висината на задачата!

September 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Милевски: Кога сме под притисок, момците секогаш се на висината на задачата!

Македонија конечно по 11 месеци успеа да победи и тоа со 2-0 против Ерменија. Селекторот Милевски беше задоволен и среќен по вечерашната победа. „Им честитам на момците затоа што покажаа дека со право се тука. Јас кажав и претходно, еве и сега, ги знам овие момци како карактери, секогаш кога се под притисок и кога морале, секогаш биле на висината на задачата. Имавме хендикеп со црвениот картон, но бевме решени да го добиеме натпреварот. Вечерва го имавме моментот на агресивност и на решителност. Момците дадоа повеќе од тоа што можат во овој момент. Сите до еден заслужуваат честитки. Натпреварувачката форма не ми е ниту малку важна, ако сите играат вака и се тука за Македонија без оглед на ситуацијата во клубовите“, изјави Милевски. Тој беше запрашан и за првото место во групата. „Кажав и на почетокот на оваа Лига на нации, пред мечот со Фарски Острови и сега ќе кажам дека нè очекуваат шест подеднакво важни дуели. Нè очекуваат уште четири меча. Значи имаме долг пат, но се надевам дека во ноември ќе завршиме на првото место“, додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.