Натпревар за заборав на Винисиус: Имаше очајни бројки

September 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Натпревар за заборав на Винисиус: Имаше очајни бројки

Бразил претрпе уште еден пораз во рамките на квалификациите за Светското првенство во 2026 година каде овој пат изгубија од Парагвај. Винисиус го одигра еден од најлошите натпревари во дресот на Бразил каде имаше само еден дриблинг од четири обиди, дури 17 пати ја загуби топката, а освои само два од седумте дуели со противничките фудбалери. „Знаеме во каква ситуација се наоѓаме, сите сакаме да го извлечеме Бразил од ова што ни се случува. Сега одиме дома и сите треба добро да размислиме, што треба да се направи за да играме подобро и полесно да победуваме. Не смее да ни се повтори ова, да дојдеме овде, да играме како што игравме денеска и да останеме без бодови. Сите имаме иста цел, што поскоро да го вратиме Бразил на врвот“, изјави Винисиус. Бразил се наоѓа на петтото место на табелата, а ако наскоро нешто не се промени, тие би можеле и да останат без Светско првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.