September 12, 2024 | | Свет
Барса конечно ги платила сите бонуси вклучени во договорот со Борусија Дортмунд за Дембеле. Како што пренесува „Bild“, вкупната сума која Барселона ја платила за Дембеле вклучително и сите бонуси се неверојатни 148 милиони евра. Во меѓувреме, Усман ја напушти Барса и се приклучи на ПСЖ во 2023 година, но некои од бонусите за среќа на Барселона сè уште не беа активирани бидејќи Французинот ја промени средината. Покрај Дембеле, Барселона во времето на претходниот претседател Бартомеу имаше и други огромни промашувања како Кутињо и Гризман. Ова значи дека трансферот на Дембеле е трет најскап трансфер во историјата по оној на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра и трансферот на Мбапе исто така во ПСЖ за 180 милиони евра. Минатата сезона Барселона успеа да го продаде Дембеле за 50 милиони евра па врати барем една третина од вкупната вложена сума за него.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |