Гундоган за изјавата за Араухо: Ако не ги признаеш грешките, нема ни да успееш

June 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гундоган за изјавата за Араухо: Ако не ги признаеш грешките, нема ни да успееш

По елиминацијата на Барселона од ПСЖ во Лигата на шампионите оваа сезона, Гундоган видно изнервиран даде изјава за медиумите каде рече дека Араухо беше тој кој ја направи клучната грешка и по неговиот црвен картон, целиот натпревар се промени во корист на ПСЖ. Араухо направи старт врз Баркола како последен играч во одбраната и доби директен црвен картон. Во истиот напад, полу-контрата на ПСЖ следуваше откако самиот Араухо направи погрешен пас што доведе до гол шанса на ПСЖ па наместо Араухо да го пушти Баркола без прекршок, тој направи минимален контакт кој беше доволен за црвен картон. Можеби самиот контакт беше преблаг, но и тоа е тема за дискусија. Сега Гундоган повторно се наврати на тој момент во даденото интервју за „Der Spiegel“. „Ако не сте спремни да ја признаете и прифатите сопствената грешка, никогаш нема да бидете успешни. Се што реков се однесуваше на сите нас, на целата екипа“, рече тој. Гундоган посочи дека во тоа интервју не зборувал само за него и дека и самиот тој прави многу грешки во играта и тоа отворено го признава.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.