Меси му се враќа на фудбалот по два месеци

September 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси му се враќа на фудбалот по два месеци

Лионел Меси конечно му се враќа на фудбалот и ќе биде во конкуренција за саботниот натпревар од МЛС против Филаделфија Унион. На тој натпревар би можел да добие минутажа после два месеци откако го истегна десниот зглоб во финалето на Копа Америка во кое Аргентина ја победи Колумбија. Дресот на Интер Мајами пак последен пат го облече на 1-ви јуни, а сезонава во МЛС на 12 настапи забележа 12 гола со 13 асистенции. На 19-ти октомври завршува лигашкиот дел во МЛС, а потоа следува плеј-офот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.