June 8, 2024 | | Свет
Според информациите на „Calciomercato“, Федерико Киеза сака да го напушти Јувентус што е можно поскоро. Наводно, тој смета дека клубот не се однесувал на коректен начин спрема него во однос на преговорите за нов договор. Тој очекувал зголемување на платата, но му било понудено многу помалку отколку што тој очекувал. Исто така, тој смета дека Јувентус се однесува на друг начин со друг играч од тимот, односно со Адриен Рабиот во поглед на преговорите на нов договор каде на него му биле дадени далеку подобри услови. Голем интерес за него покажува Рома која е спремна да плати 40 милиони евра, цифрата која Јуве ја бара. Сезонава за Јувентус тој одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и 3 асистенции. Тој е во Јувентус од јули 2022 година кога беа платени 44,6 милиони евра, а договорот му истекува следното лето.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |