September 14, 2024 | | Свет
Јунајтед има една победа и два порази на стартот на новата сезона во Премиер лигата, а тимот остави лош впечаток особено на натпреварот со Ливерпул на домашен терен. Денеска ќе гостуваат кај Саутемптон каде мора да се издвои победа, а барем периодов се чини, Тен Хаг ќе ја има поддршката од раководството на клубот. И Тен Хаг е свесен за притисокот кој го има врз него и рече дека резултати мора да се испорачаат и дека мора да се победи. „Во фудбалот мора да победуваш, мора да се испорача, тоа е јасно. Добро е што новото раководство тоа го призна и го кажува. Работиме заедно за да бидеме поуспешни и имаме повисоки цели од досега постигнатите. Тоа не е поврзано само со мене. Во клубот се случија нови работи каде имаме нова структура и тоа е огромен пресврт. Мораме да ги добиеме сите натпревари и тоа секогаш ќе биде пристапот. Тоа не се менува за ниту еден натпревар“, рече Тен Хаг.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |