Одби да премине во друг клуб, па Рома го отстрани од тимот

September 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Одби да премине во друг клуб, па Рома го отстрани од тимот

Од раководството на Рома во моментов се бесни бидејќи Никола Жалевски одби да премине во Галататасај пред крајот на преодниот рок во Турција. Тренерот Де Роси не смета на него, за разлика од Мурињо под чија палка имаше минутажа. Трансферот беше договорен за 11 милиони евра, плус четири милиони во бонуси, но и процент од следната продажба. Првично тој прифатил трансфер во Турција, но потоа се предомислил. Сега тој е отстранет од тимот, а прашање е дали тој воопшто ќе му биде на располагање на Де Роси до крајот на оваа сезона. „Точно е. Можам да ги потврдам информациите за медиумите. Никола е исфрлен од првиот тим“, изјави Џовани Феро, агентот на фудбалерот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.