Конечно Јунајтед одигра како што треба, прегазен Саутемптон! (ВИДЕО)

September 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Конечно Јунајтед одигра како што треба, прегазен Саутемптон! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед со 3-0 го совлада Саутемптон на гостински терен. Во 33. минута Саутемптон доби пенал, но тука беше Онана да го одбрани, а по само две минути Јунајтед поведе. Резултатот за Јунајтед го отвори Де Лихт во 35. минута на асистенција на Бруно, а ова за холандскиот стопер беше прв гол во неговата кариера. После само шест минути, Рашфорд ја дуплираше предноста а овој пат асистент беше Амад Диало. Поради остар старт, Стивенс доби црвен картон во 79. минута па до крајот на натпреварот Јунајтед играше со играч повеќе. Третиот гол за Манчестер го постигна Гарначо во 96. минута каде беше одиграна прекрасна тимска акција. Наредното коло, Јунајтед ќе гостува кај незгодниот Кристал Палас.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.