September 14, 2024 | | Свет
Џенаро Гатузо го исполнил своето ветувањето по победата над Динамо Загреб па им купил ајфони на сите фудбалери и на членовите од стручниот штаб на Хајдук. Купил вкупно 30 телефони и ова го чинело 30.000 евра. Тимот се наоѓаше во криза, а Гатузо решил да ги награди неговите фудбалери и стручниот штаб бидејќи успеаа да слават на тешкото гостување. „Зад себе имам 400 натпревари како тренер на големи клубови, имам искуство и почувствував дека овие играчи ми го дадоа срцето и раката и ја не смеам да ги разочарам и нема да ги разочарам. Затоа нема да си заминам. Би бил гомно и мал човек доколку сега ги напуштам овие играчи“, рече Гатузо по натпреварот. Тие славеа минимално во Загреб а ваквата тешка победа треба да им биде мотив во понатамошниот тек на сезоната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |