Арсенал стигнува до победа: Тотенхем веќе пет натпревари не знае како да ги победи! (ВИДЕО)

September 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал стигнува до победа: Тотенхем веќе пет натпревари не знае како да ги победи! (ВИДЕО)

Арсенал успеа да го победи градскиот ривал Тотенхем со минимални 1-0 и тоа на гостински терен и покрај неколкуте играчи кои им недостасуваат. На овој натпревар кај Арсенал ги нема Калафиори, Мерино, Рајс, Одегард, Тирни и Томијасу, но тоа не ги спречи да дојдат до победата. Решавачкиот гол дојде после корнер во 64. минута каде центаршутот на Сака го искористи стоперот Габриел кој практично остана сам и лесно го матираше Викарио. Во првото полувреме бевме сведоци на агресивна игра каде се поделија дури седум жолти картони, а во второто играчите беа смирени. После голот на Габриел, Тотенхем се обидуваше очајнички да дојде до гол, но недостасуваше реализацијата. Тотенхем веќе пет натпревари не знае за победа против Арсенал во Премиер лигата, а последната дојде во 2022 година. Со оваа победа, Арсенал сега се наоѓа на втората позиција со два бода зад Сити кој има 12.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.