Нејмар им испратил на Бразилците во Реал: Мбапе е ужасен човек, пазете се од него

September 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нејмар им испратил на Бразилците во Реал: Мбапе е ужасен човек, пазете се од него

Нејмар и Мбапе во 136 наврати играа заедно за ПСЖ, а познато е дека нивите односи особено последните сезони беа очајни. Мбапе го сметаше Нејмар за човек кој не е сериозен, а очигледно и самиот Нејмар нема позитивно мислење за Мбапе. Медиумите во Франција пренесоа дека наводно Нејмар ги предупредил Бразилците во Реал Мадрид за тоа каков карактер е Французинот. Како што пренесува „L'Equipe“, Нејмар ги предупредил Родриго, Винисиус и Едер Милитао, за карактерот на Мбапе. Новинарот Сирил Ханоуни тврди дека Нејмар дури им испратил и порака. „Пазете се од Мбапе, тој човек е ужас“, наводно напишал Бразилецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.