Трагедија: Млад фудбалер починал по ужасната тепачка на сред натпревар! (ВИДЕО)

September 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Трагедија: Млад фудбалер починал по ужасната тепачка на сред натпревар! (ВИДЕО)

Исмаел Домингез е 15 годишно момче кое трагично загина во инцидентот кој се случи во текот на натпреварот помеѓу Насионал и Букерон кој се играше за викендот. Имено, младиот фудбалер добил фатални удари при општа тепачка помеѓу играчите каде паднал во несвест. Според сведочењето на неговиот тренер Леонардо Вито, Домингез добил удар одзади и добил дополнителни удари и додека бил на земјата. Лекарите се обиделе да го спасат, но безуспешно. Ваквите моменти треба да бидат ретка слика во животот, а камоли во фудбалот. Веста го потресе цел Парагвај, но и остатокот од светот бидејќи веста стана вирална и наиде на многу реакции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.