September 17, 2024 | | Свет
Заврши првата вечер од првото коло во новиот лигашки формат на Лигата на шампионите, а оваа вечер беше дефинитивно за паметење. Баерн Минхен му нанесе неверојатен пораз на Динамо Загреб со дури 9:2 каде уште во првото полувреме стрелци беа Кејн, Гереро и Олисе, а Динамо преку Петковиќ и Огивара за момент се врати во живот. Тоа траеше многу кратко бидејќи Кејн стрелаше уште три пати, а погодија и Олисе, Горецка и Сане за конечни 9-2. Стефан Ристовски доби шанса од првата минута, додека Аријан Адеми влезе во игра од клупата во завршницата. Реал Мадрид со очајна игра некако успева да ги победува натпреварите каде и денеска не препуштија ништо на случајност па славеа со резултат од 3:1 против Штутгарт со головите на Мбапе, Рудигер и Ендрик, додека за бундеслигашот погоди Ундав. Ливерпул преку пресврт славеше на „Сан Сиро“ против Милан со резултат од 3:1. Стрелци за Ливерпул беа Конате, Ван Дајк и Собослаи, а за Милан погоди Пулишиќ. Милан поведе, а во првиот дел му требаше време на Ливерпул за да ја презеде иницијативата. Но, откако воспоставија контрола и го свртеа резултатот, Милан едноставно не можеше да се носи со нив до крајот на натпреварот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |