September 18, 2024 | | Свет
Рома реши да се раздели со својот тренер Де Роси кој воедно е легенда на клубот. Ова доаѓа откако по неубедливите настапи на екипата на почетокот на сезоната. Минатата сезона тој го замени Жозе Мурињо каде успешно се наметна во тимот и го подигна, но почетокот на новата сезона е ужасен, па управата реши да го отпушти Де Роси. „Одлуката е донесена за доброто на клубот, за да може навремено да продолжи по вистински пат, кога сезоната уште е на почеток. Ова секогаш ќе биде дом за Даниеле, и му благодариме за работата што ја изврши во последните неколку месеци“, истакнаа од Рома. Како тренер на Рома, на 30 натпревари забележа 14 победи, девет нерешени и седум порази.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |