Мама Рабио е виновна што синот не заигра за Атлетико: Таа кажувала каде треба да игра!

September 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мама Рабио е виновна што синот не заигра за Атлетико: Таа кажувала каде треба да игра!

Адриен Рабио и официјално стана нов играч на Олимпик Марсеј каде потпиша договор на две години. Неговата желба беше да премине во поголем клуб, но високите финансиски барања на неговиот тим, поточно на неговата мајка Вероника која е негов агент спречила поголем ангажман. Според информациите на „RMC Sport“, Рабио преговарал со Атлетико Мадрид, а трансферот и во овој случај пропаднал поради неговата мајка. Имено, таа му сугерирала на спортскиот директор на Атлетико на која позиција треба да игра нејзиниот син, а после ваквите разговори, клубот решил да се повлече од преговорите. Рабио преговараше и со тимови од Премиер лигата и Турција, а наводно имало интерес и од Саудиска Арабија, но неговата цел беше да продолжи да се натпреварува во Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.