Милан веќе ја најде потенцијалната замена за Фонсека

September 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан веќе ја најде потенцијалната замена за Фонсека

Тимот на Милан вчера претрпе пораз во Лигата на шампионите против Ливерпул на „Сан Сиро“ со 1-3. Домаќините добро го започнаа натпреварот со гол во 3. минута каде стрелец беше на Пулишиќ, но откако Ливерпул ги постигна двата гола, Милан воопшто не знаеше како да се врати во натпреварот. Во Серија А, од можни 12 бодови, имаат освоено само пет каде во последното коло дојде првата победа. Викендот ќе имаат друг претежок испит каде ќе се сретнат со градскиот ривал Интер. Во раководството на Милан веќе размислуваат за потенцијалната замена на тренерот Фонсека, а според новинарот Маурицио Пистоки кој е близок до клубот, фаворит за нов тренер е Масимилијано Алегри. Наводно веќе биле направени разговори со тренерот и тој е спремен да се врати. Во клубот веруваат дека со него може да се врати дефанзивната цврстина во тимот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.