Нема мрдање: Македонија остана на истата позиција на ФИФА ранкингот

September 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нема мрдање: Македонија остана на истата позиција на ФИФА ранкингот

Фудбалската репрезентација на Македонија останува на истата позиција на најновата ФИФА-листа. Во септември одигравме реми со Фарски Острови, потоа ја совладавме Ерменија, па остануваме на 72. место. Македонија се наоѓа во друштво со Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, БиХ, Бахреин, Хондурас, Оман, Израел. Исто така, Аргентина останува на првата позиција, а после неа се Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија. Противниците кои Македонија ги има во Лигата на нации се со следниот ранкинг: Eрменија е на 96. место, Летонија на 137. место, а  Фарски острови се на 140. место.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.