Играше за Арсенал, сега е уапсен поради канабис

September 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Играше за Арсенал, сега е уапсен поради канабис

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џеј Емануел Тома е уапсен поради шверц на дрога откако на аеродромот Стенстед беше запленето големо количество канабис. Наводно тој организирал обид за увоз на канабис во вредност од 600.000 фунти од Тајланд преку аеродромот Станстед каде биле откриени околу 60 килограми дрога. Заедно со него уапсени биле и две жени, а максималната казна за ваквото дело е 14 години затвор. Во Арсенал помина три години, односно од периодот од 2008 до 2011 година. Џеј Емануел Томас беше член на јуниорските репрезентации на Англија, а претходно играше за клубови како Ливингстон, Абердин, Ипсвич, Бристол Сити, Квинс Парк Ренџерс, Арсенал и тајландскиот тим ПТТ Рајонг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.