Тен Хаг виновен за повредата на Шо: Не требаше да играм

June 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг виновен за повредата на Шо: Не требаше да играм

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и Англија, Лук Шо, признава дека жали што го прифатил барањето на Ерик Тен Хег да игра на натпреварот кој се заканува да го уништи неговиот сон за Европското првенсство. Шо се бори со повреда на тетивата пред почетокот на ЕП, а Герет Саутгејт призна дека првиот натпревар на Англија во групата против Србија ќе биде прерано за 28-годишниот фудбалер да биде спремен. Имајќи ги предвид проблемите на Англија во одбраната каде и Хари Мегваер не успеа да влезе во последниот тим на ЕВРО поради повреда, враќањето на Шо ќе биде огромен поттик за шансите на тимот за првиот голем трофеј од 1966 година. Но, Шо не се појавил речиси четири месеци откако ја влоши повредата на тетивата во победата на Манчестер Јунајтед со 2-1 над Лутон Таун на 18 февруари. Левиот бек мораше да го напушти теренот недела претходно на дуелот со Астон Вила, но беше побарано од Тен Хег и медицинскиот персонал на Јунајтед да настапи против Лутон, нешто за што жали што се согласил. „Почувствував нешто против Астон Вила и излегов на полувремето на Вила Парк. На некој начин е вина на сите, делумно моја вина, делумно на медицинскиот персонал и мислам дека сите би го признале тоа“, рече тој. Не тренирав цела недела. Бев прегледан и немаше ништо страшно во тој момент, но не тренирав цела недела, а потоа тренирав еден ден пред натпреварот. Ако менаџерот ме замоли да играм, никогаш нема да кажам не. Не требаше да играм“, објаснува Шо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.