Барселона изгуби од Монако со играч помалку, Раја не дозволи пораз на Арсенал (ВИДЕО)

September 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона изгуби од Монако со играч помалку, Раја не дозволи пораз на Арсенал (ВИДЕО)

Барселона претпрпе пораз во првото коло од Лигата на шампионите на гостувањето кај Монако со 2-1. Натпреварот за Барселона започна очајно каде во 10. минута Ерик Гарсија заработи директен црвен картон бидејќи со неговиот прекршок спречи чиста шанса на Минамино. Виновен беше Тер Стеген кој додаде до Гарсија, но пасот беше погрешен, па стоперот сакајќи да спречи чиста шанса, направи прекршок. Шест минути по црвениот картон, Монако веднаш успеа да постигне гол со играч повеќе преку Аклиуш. Барселона потоа успеа да се врати преку голот на Ламин Јамал во 28. минута на асистенција на Касадо па на полувреме беше нерешено. Во вториот Барселона не направи скоро ништо каде одбраната беше ранлива поради едениот играч помалку. Тоа го искористија домаќините и во 71. минута Иленикена го постигна голот за победа по очајната реакција на одбраната.

Во Арсенал пак одигра нерешено на гостувањето кај Аталанта а херој на „топџиите“ беше Давид Раја кој имаше двојна одбрана, односно го фати пеналот, а потоа го одбрани и ударот со глава на Ретегиу.

Тимот од Лондон денеска изгледа очајно и изгледа дојдоа по бод во Италија пред дуелот со Сити кој ќе го играат во недела.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.