September 19, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед нема баш најдобар почеток на сезоната во Лигата на шампионите, но можеби убедливите победи против Саутемптон и Барнсли ќе можат да го кренат тимот за да бележи позитивни резултати. Следен предизвик за нив ќе биде гостувањето викендов кај Кристал Палас во Лондон каде минатата сезона беа потопени со резултат од 4-0. Критики за Тен Хаг постојано има, а според поранешниот фудбалер Емануел Пети дел од критиките се неосновани и претерани и дека и самите фудбалери треба да бидат похрабри и да не се кријат позади тренерот. „Не се согласувам со сите критики околу Ерик тен Хаг. Јас всушност ги гледам играчите таму и мислам дека се кријат зад него.Не ми се допаѓа. Тоа се играчи со вистинско педигре и се кријат зад него наместо да се кренат и да работат за тимот. Многу е тешко за еден клуб кога продолжуваат да менуваат менаџери колку што тоа го прави Манчестер Јунајтед. Штета е да се види клубот во сегашната состојба. Премиерлигата има потреба од Манчестер Јунајтед да се врати во своите најдобри моменти и се започнува со играчите. Точно е дека самиот менаџер е одговорен за многу работи, а исто така и управниот одбор за да се среди тоа на трансфер пазарот, но на крајот на денот тоа е одговорност на играчите на теренот и тие веќе некое време не се доволно добри“, рече Пети.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |