Барса не може да го продолжи договор со Педри, финансиите се препрека

September 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барса не може да го продолжи договор со Педри, финансиите се препрека

Барселона во моментов не може да го продолжи договорот со Педри поради финансиските проблеми кои сѐ уште ги има клубот, пишува „Mundo Deportivo“. Без потпис на договорот со Најк со кои би се решиле ваквите проблеми и без исплата на други финансиски договори, Барселона ќе има проблем. Неговиот договор истекува во 2026 година, а досега сезонава тој одигра шест натпревари и постигна два гола. За клубот има одиграно 149 натпревари, постигнувајќи 22 гола и 13 асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.