Ендрик падна надвор од шеснаесетникот, ама Реал си доби пенал! (ВИДЕО)

September 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ендрик падна надвор од шеснаесетникот, ама Реал си доби пенал! (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше над Еспањол со 4-1 откако прво губеше. Последниот гол за Реал беше пенал кој го изведе Мбапе, а го избори Ендрик. Тој беше трет гол од пенал на Мбапе на последните три натпревари на Реал во Ла Лига. Пеналот кој се досуди повторно привлече многу внимание и се отвори огромна дискусија дали истиот требаше да биде досуден. Имено, прекршокот врз Ендрик почна надвор од шеснаесетникот, а противничкиот играч го влечеше се до казнениот простор кога Ендрик чекаше да падне и судијата да досуди пенал. Кога подобро ќе се погледне, Бразилецот всушност падна надвор од шеснаесетникот, а судијата покажа на белата точка што е контроверзен момент.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.