September 22, 2024 | | Свет
Манчестер Сити се спаси од пораз против Арсенал на „Етихад“ со голот на Стонс во 98. минута и конечниот резултат е 2-2. Сити поведе со голот на Халанд во 9. минута на асистенција на Савињо. Огромна работа во самата акција заврши Бернардо Силва кој ги одвлече Парти и Габриел со него со што отвори можност за топка во простор. Во моментите кога Сити имаше тотална иницијатива, несреќно Родри го повреди коленото згазнувајќи лошо, а на негово место влезе Ковачиќ. Во 22. минута следуваше шок на „Етихад“ со голот на Калафиори. Арсенал набрзина го изведе фаулот на средината на теренот при што Парти испрати прекрасна долга топка, а Мартинели му намести на Италијанецот кој упати вистинска бомба. Во 46. минута Арсенал му зададе дополнителен удар на Сити и успеа да го сврти резултат со голот од корнер на Габриел на асистенција на Сака. Арсенал е познат по доброто изведување на прекините, а тактиката со блокирање на голманот и овој пат им успеа. На настаните им немаше крај бидејќи Тросар доби втор жолт картон. Тој прво направи прекршок врз Бернардо Силва, а потоа ја шутна топката, па тоа беше доволно Оливер да покаже црвен картон. Цело прво полувреме Сити беше екипата која доминираше и со шанси и со посед на топката. Во второто полувреме Арсенал со играч помалку буквално не се помрдна од пред својот гол и се бранеа феноменално, но пред самиот крај Сити преку Стонс во 98. минута некако успеа да избегне пораз. Извештај од натпреварот и голот на Стонс: Голот на Стонс:
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |