Силва: Дуелите со Ливерпул беа потешки отколку овие сега со Арсенал!

September 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Силва: Дуелите со Ливерпул беа потешки отколку овие сега со Арсенал!

Манчестер Сити и Арсенал денеска на „Етихад“ одиграа нерешни 2-2 каде Сити едвај се спаси од пораз. По натпреварот, во изјава за TNT, Бернардо Силва беше запрашан за тоа дали има разлика меѓу дуелите кои ги имаа против Ливерпул кога имаа тесни битки за титулата и сегашните дуели кои ги имаат со Арсенал. „Кога ги имавме дуелите со Ливерпул, тие веќе ја имаа освоено Премиер лигата, а Арсенал уште го немаат направено тоа. Ливерпул во тоа време исто така ја освои и Лигата на шампиони, а Арсенал ја нема освоено. Ливерпул секогаш се соочуваше со нас директно за да победува. Од таа перспектива, нашите игри против Арсенал сè уште не се како натпреварите кои ги имавме против Ливерпул. Намерата на Ливерпул секогаш беше да не победат“, рече Бернардо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.